Барди оди на продажба, Леванте треба да покрие минус од 10 милиони евра

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Леванте до крајот на јуни треба да прибере нешто над 10 милиони евра, нашиот Енис Барди ќе биде еден од првите фудбалери кои ќе бидат ставени на продажба.

Енис Барди во брзо време може да ја заврши авантурата во Леванте, како што пренесуваат медиумите од Шпанија, Македонецот ќе биде еден од првите фудбалери кои ќе бидат ставени на продажба.

Леванте треба до 30. јуни да прибере нешто над 10 милиони евра за да се покрие минусот и веќе се водат разговори.

За услугите на Енис Барди во јануари интерес пројавија неколку клубови, се говореше за трансфер во Серија А, но една ваква зделка на крајот не се реализираше.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons