Според Фаучи, САД излегоа од пандемијата на коронавирусот

САД сега се „надвор од фазата на пандемијата” бидејќи хоспитализациите и смртните случаи од Ковид-19 се веќе ниски, изјави д-р Ентони Фаучи, најголемиот експерт за заразни болести во таа земја.

– Сигурно сме надвор од фазата на пандемијата во оваа земја во моменто”, рече Фаучи во интервју за PBS NewsHour, кога водителката Џуди Вудраф го праша колку е блиску земјата до крајот на пандемијата на коронавирус.

Ковид-19 во САД продолжува да расте – за повеќе од 22 отсто во последната недела покажуваат податоците на ЦДЦ, но Фаучи истакна дека „нема да го искорениме овој вирус” и дека луѓето ќе треба рутински да се вакцинираат за да задржат ниска стапка на сериозна форма на болеста и смртни случаи.

– Не знам колку често тоа ќе треба да се прави, рече Фаучи за вакцинацијата. – Може да биде секоја година, може да биде подолго, за да се задржи на ниско ниво. Но, ние не сме во фаза на пандемија во оваа земја во моментов, рече тој.

Сепак, на глобално ниво, рече Фаучи, „нема сомнеж дека оваа пандемија сè уште трае”

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons