Со дополнителни часови ќе се надоместува изгубеното од дојавите за бомби

Основните училишта кои изгубија часови поради лажните бомби, наоѓаат начини како да ги надоместат изгубените часови. Наставничката Илмије Шахини рече дека во училиштето „7 Март“ веќе почнале да се одржуваат дополнителни активности и настава. Во ова училиште се работеше и на денот на патронатот на училиштето и покрај тоа што овој ден треба да биде слободен.

„Се трудиме и ќе успееме со дополнителни часови. Ќе ги надоместиме часовите и заедно со учениците ќе стигнеме да ја завршиме наставната програма до крајот на 10 јуни. Учениците се согласуваат со нас и родителите. Имаме соработка. Доколку има потреба ќе ги ангажираме и дома да работат повеќе“, рече Шахини.

За дополнителните активности се согласуваат и учениците. Како што велат тие, секој одмор на училиште ќе го користат за учење, а повеќе ќе внимаваат на математиката и албанскиот јазик.

„Пропуштивме многу часови поради алармите за бомби. Наставничката ни даде некои активности за вежбање дома, мислам дека ќе успееме да надоместиме. Ќе најдеме различни начини да ги надоместиме и да ги учиме лекциите што ги пропуштивме затоа што изгубивме многу часови“.

„Наставничката ни дава активности дома, во училиште, за сите часови што ги пропуштивме. Нема да ни биде тешко бидејќи ние сме ученици кои ги работат задачите.

„На одмор ќе ги научам задачите што ги пропуштивме. Повеќе ќе се фокусираме на предметот математика и албански јазик. Овие теми се најважни и не смееме да ги загубиме“, рекоа учениците.

Учебната 2022-23 година за основците ќе заврши на 14 јуни, а за средношколците на 9 јуни. Министерството за образование ја донесе оваа одлука поради продолжување на зимскиот распуст кој наместо на 18 јануари заврши на 23 јануари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons