Скоро 50.000 денари месечно се потребни на едно семејство за живот 

Инфлацијата паѓа, но минималната кошничка e во постојан раст. Минималната кошничка во август изнесувала 49.345 денари.

Ако во јули годинава минималната кошничка изнесуваше 48.620 денари, минатиот месец таа е поскапена за 725 денари.

За да си ги обезбеди основните потреби, на едно четиричлено семејство во август годинава му биле потребни 49.345 денари, покажуваат податоците од минималната синдикална кошничка што секој месец ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Зголемувањето на минималната кошничка како што додаваат од ССМ, е најголемо во ставката храна и пијалаци, односно 1,9 отсто. Во државава, веќе има или е во најава поскапувањето на одредени производи. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons