Македонски функционери ќе се најдат на црната листа на САД 

Сегашни или поранешни функционери ќе се најдат на црната листа на САД на непожелни лица. Американската амбасадорка на САД во земјава, Анџела Агелер, денеска потврди дека црната листа на САД во наредниот период ќе биде проширена со едно или две имиња од Македонија. Зборувајќи за корупцијата во земјава, Агелер рече дека таа се јавува во секоја форма и секој ден во државава.

Против лицата кои ќе се најдат на црната листа предвидени се повеќе категории на санкции.

– Нема една листа, туку повеќе, односно повеќе видови на санкции што САД ги воведуваат. Овие листи се многу динамични, бидејќи корупцијата во своите многубројни форми се случува секој ден. Тоа бара време и истражување, за да се осигуриме дека нема да ставиме некој на листа, на која не припаѓа. Верувам дека во следните неколку месеци ќе видиме едно или две имиња и тоа ќе биде процес што ќе продолжи. – изјави Агелер.

Дел од санкциите се финансиски, додека дел се поврзни со визи и други правни механизми.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons