Намален водостојот на реките, езерата во рамки на просекот

Водостојот на реките бележи намалување, а на езерата е во рамки на просекот за јуни, покажуваат податоците од мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Речиси тројно е намален водостојот на Вардар кај Јегуновце, а намалување има и кај Скопје, Велес и Демир Капија. Водостојот на Треска кај Македонски Брод изнесува осум сантиметри наспроти месечниот просек што изнесува 26 сантиметри. Помали се и водостоите на Пчиња кај Катлановска бања, на Крива Река кај Крива Паланка, на Брегалница кај Берово и на Црна река кај Новаци.

Единствено минимално зголемување на водостојот има реката Бабуна кај Богомила.

Според УХМР, водостојот на Дојранското, на Преспанското и на Охридското Езеро е во рамки на просекот за јуни.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons