Системот за алармирање во Македонија не работи 30 години, а скривниците се запуштени

Потенцијалната закана од нуклеарна војна предизвика страв во светот. Очите на јавноста се свртени кон чекорите кои ќе ги преземе Русија по серијата закани за можно вклучување на црвеното копче од нуклеарното оружје.

Дел од европските земји сериозно се подготвуваат за сценарио за спас. Германија уште во април почна со подготовка на скривниците, Финска пак подготвува таен град во случај на напад.

Оттука во јавноста се погласно се отвора прашањето- дали и колку Македонија е подготвена да се справи со овој проблем. Првиот човек на Ценатрот за управување со кризи Стојанче Ангелов за ТВ 24 вели дека дел од скривниците се целосно запустени, нема осветлување ниту вентилација или пак жителите ги пренамениле во подруми.

Сепак Ангелов е оптимист, во случај напад земјава може да смета на поддршката на Нато алијансата како нејзина членка. Од Дирекција та за заштита и спасување за ТВ 24 велат дека само дел од скривниците се под нивна надлежност.

„Дирекција за заштита и спасување има вкупно сто скривници кои што биле доделени со одлука на Влада во 2005 година. Од нив шест се реновирани во 2010 година. Постојат и многу други скривници кои се во сопственост на општините и управителите на згради и сите поголеми компании.“ – велат од Дирекција за заштита и спасување.

Во случај на елементарна непогода или војна, Македонија не е доволно подготвена. Дел од подземните засолништа и скривници се од времето на Југославија, затворени, пренаменети или целосно нефункционални. Колку за илустрација, позади мене е една од нив, но под катанец.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons