Сведочења од судска медицина за Тот: Повредата на ‘рбетниот мозок била фатална

Со искази на вештите лица Александар Станков и Рената Јанкова од Судска медицина продолжи судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во Скопје.

Станков пред судот кажа дека повредата на почетниот дел од р’бетниот мозок е главната причина за смртта, односно дека без таа повреда лицето можеби ќе преживеало.

– Како причина за смртта наведено е дека смртта настанала заради нагмечување на големиот мозок и нагмечување на рбетниот мозок, меѓутоа критична повреда за настапување на смрт, врз основа на целокупната клиничка слика кај сега починатиот, е повредата на почетен дел од рбетниот мозок. – изјави Александар Станков доктор и директор на судска медицина.

Адвокатот на обвинетата Клементина Левковска, Бојан Василевски, изрази сомнеж во резултатите од вештачењето, истакнувајќи дека се релативизираат причините за настанувањето на смртта кај Тот.

Судењето за убиството на ракометарот на Бутел Денис Тот за кое се осомничени три лица, Анџело Ѓорѓеивски, Клементина Левковска и Андреј Костовски ќе продолжи на 3 октомври. Тројцата обвинети на првото судење на 5 септември изјавија дека не чувствуваат вина за делото за кое се товарат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons