Бројот на обиди за огранизирано криумчарење мигранти лани поголем за 66%, а бројот на илегални обиди за влез за 28% 

Полицијата приведе 42 годишен кавадарчанец кој се обидел да прокриумчари осум мигранти. Тој бил откриен синоќа на  местото викано „Македонија пат“ на излез од Гевгелија, а мигрантите од кои петмина државјани на Сирија, двајца на Авганистан и еден од Пакистан ги превезувал со возило „мазда 6“ со германски таблички. Во координација со јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Овој не е изолиран случај за криумчарење мигранти. Полициската статистика од минатата година бележи вкупно 100 такви случаи во кои имало обид да бидат прокриумчарени над 1400 мигранти што е зголемување за 66 % во делот на откриените случаи и над 98% во однос на мигрантите. Како резултат на зајакната и оперативната активност на стратешко и регионално ниво за 55% е зголемен и бројот на откриените сторители на кривичните дела. Против 107 лица се преземени мерки на кривичен прогон, а сузбиена е и една организирана криминална група во која членувале 13 лица.

Минатата година се зголемил и бројот на обиди за илегални преминувања на државните граници за над 28%. Вкупно биле спречени над 26 илјади обиди од кои најголемиот дел од нив или 23 800 на границата со Р Грција, каде е забележано зголемување за речиси 32%, а во пораст е и бројот на обиди на граница со Р Косово.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons