Сирени ечат низ цела Украина, делови од земјата се во целосен мрак (ВИДЕО)

Руските сили „цела ноќ“ ја гаѓаа украинската област Дњепропетровск и предизвикаа прекин на електричната енергија во многу градови и села во централниот регион на Украина, изјави Валентин Резниченко, шеф на воената управа на Дњепропетровск.

„Русите цела ноќ го напаѓаа регионот со различно оружје. Два округа – Криви Рог и Никопол – беа погодени од гранати. Енергетската инфраструктура во Криви Рог беше погодена со ракети, што предизвика сериозно уништување“, објави Резниченко. „Нема струја во градовите и селата Апостолова, Зеленодолск и Софијавка и една област во Криви Рог“, најави тој и додаде дека во тие области нема ниту вода.

Енергетски инфраструктурен објект во областа Криви Рог е оштетен во напад на руските сили и снема струја, изјави денеска градоначалникот на Криви Рог, Александар Вилкул.

„Како резултат на штетата предизвикана во постројката за снабдување со електрична енергија во областа Криви Рог за време на неодамнешниот воздушен напад, голем број населени места се исклучени од снабдувањето со електрична енергија“, рече Вилкул на Телеграм, пренесува ТАСС.

https://www.nytimes.com/video/players/offsite/index.html?videoId=100000008585359

Олексиј Кулеба, гувернерот на регионот Киев, на Телеграм објави дека таму продолжува воздушната тревога.

„Во регионот дејствува противвоздушна одбрана. Соборивме непријателски објекти, вклучително и ирански беспилотни летала“, рече тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons