Градоначалничката Арсовска има рок дo петок да најде пари за ЈСП, од утре ќе нема јавен градски превоз

Советниците на Град Скопје попладнево на вонредна седница ја изгласаа иницијативата со која се бара од градоначалничката Данела Арсовска до петок до 12 часот да достави одлука за прераспределба на средства за платите на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје. Иницијатвата е изгласана со 24 гласа „за“. Советниците на СДСМ и дел на ДУИ беа против оваа иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ.

Следната седница на Советот е закажана за петок во 14 часот.Од синдикатите вечерва изјавија дека градоначалничката Арсовска ќе мора да ја донесе одлуката уште утре, затоа што ако остане за петок, тогаш прераспределбата најрано би се извршила по продолжениот викенд што, според нив, е многу доцна.За утре синдикатите најавија дека нема да има градски превоз за скопјани.„Им се извинуваме на граѓаните, но ова мораше да се случи за еднаш засекогаш да го решиме проблемот со редовни плати во ЈСП“, изјави Миќо Стојановски, претседателот на синдикатот на ЈСП.Од ВМРО-ДПМНЕ вечерва преку соопштение обвинија дека за иницијативата за прераспределба на средства не гласале советниците од СДСМ и дел од ДУИ. „Срамно е што коалицијата СДС, едното крило на ДУИ и Арсовска не гласаа за исплата на плати на вработените на ЈСП. Иницијативата на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ беше изгласана за прераспределба на средства на ЈСП за исплата на плати. На дело се виде коалицијата Арсовска и СДС со дел од крилата на ДУИ кои гласаа против тоа вработените во ЈСП да добијат плати преку ребаланс на буџет. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ со цел што побрзо да се излезе во пресрет на барањата на вработените во ЈСП Скопје, предложи да се скрати рокот и да се предложи веднаш да се разговара за скратување на средствата преку ребаланс на Буџет и пренамена на средства за плати на вработените во претпријатието. Палката е во рацете на градоначалничката“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.За Левица Скопје оди кон социјална катастрофа.„Причинителите се од централната власт на СДС и ДУИ и локалните власти на ДПМНЕ, кои не можат да се поистоветат со голготата на работниците и Скопјани. Инситуциите се во служба на партиите, не на народот, и затоа работите се растроени. Јавниот сектор им служи за вработување на партиски војски и да ги испумпуваат државните пари и сега се спремаат за нови избори. Владата треба да поднесе оставка, бидејќи е главен причинител на многу општествени проблеми и не можеме да очекуваме решение од нив. Додека општините кои имаат обврски за подмирување кон ЈСП, од нашите советници нема да имаат поддршка за меѓуопштинска соработка додека не ги подмират обврските.Со СДС, ДУИ и ДПМНЕ ќе имаме само проблеми и импровизирани решенија, додека работниците  ќе бидат извисени“, соопшти Левица. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons