Свет

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени ја погоди Индонезија: Најмалку 20 лица загинаа

Најмалку 20 лица загинаа, шест се повредени, а две се водат како исчезнати по силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени што утрово го погоди источниот дел на Индонезија, соопштија спасувачките екипи.

Земјотресот го погоди подрачјето во близина на островот Флорес во 5:58 часот наутро по локално време, на длабочина од околу 10 километри, а епицентарот беше 68 километри северозападно од градот Енде во покраината Источна Нуса Тенгара, според податоците од Американскиот геолошки завод (УСГС), пренесува БФМ.

По главниот потрес беа регистрирани неколку последователни потреси, вклучувајќи еден со магнитуда од 6,1 степен.

Земјотресот предизвика уривање и оштетување на зградите, а жителите го напуштија крајбрежјето во паника.

„Одеднаш почна да се тресе и ме фати паника. Пациентите беа евакуирани од објектот откако беа забележани пукнатини во ѕидовите“, рече Лукас Лотар, раководител на одделот за управување со пациенти во една болница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons