МакедонијаНајново

Се повеќе деца бараат помош поради проблеми со менталното здравје

Лутина, фрустрираност и емоционална вознемиреност, најмногу кај деца од седум до девет години, се детектирани преку дојавите на телефонската линија  ало Бушавко која е достапна 24 часа. Од податоците кои ги презентираше Мегаши минатата година имало околу 400 повици, а една третина од нив биле поврзани со проблеми кои влијаат врз менталното здравје на децата и младите. Најчесто главен причинител за психиолошката состојба на детето се разводите, нарушените односи во семејството, но и релациите во образовниот процес. Охрабрувачки е тоа што децата, за разлика од претходните години, во поголем број самите директно побарале помош или совет преку линијата.

Во вкупниот број забележани проблеми категоријата повреди, во која спаѓаат сите видови насилство, злоупотреба и занемарување, учествува со 25 отсто. Проблемите од категоријата „семејни односи“ учествуваат со 17 проценти во вкупниот број проблеми. Голем број деца, дури 145 се регистрирани во оваа категорија проблеми, а се однесуваат на проблемот со прекршување на правото на детето при бракоразводни постапки и непочитување на решенијата од центрите за социјална работа – истакнаа од Детската амбасада.

Стручните лица и со препорака до родителите и наставниот кадар внимателно да ги следат децата и при првите знаци дека постои проблем веднаш да реагираат, но да рабитата активно на превенцијата на ваквите состојби. Особено им се препорачува на  стручните служби во основните и средните училиштата, да посветат поголемо внимание на менталното здравје на децата, но да  понудат содржини и активности преку кои ќе се обработуваат теми од важност за менталното здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons