Растат цените на становите во регионот, во Скопје достигнаа нов плафон 

Цените на становите континуирано растат во последните години и динамика на ваков тренд не е регистрирана уште од 2009 година. Но и покрај поскапувањето, побарувачката на недвижности постојано се зголемува. Во однос на периодот пред пандемијата, денес цените на становите во земјава се зголемени некаде дури и до 30 отсто, велат некои од официјалните извештаи на државата. Увидот во глобалната база на податоци за недвижнини Нумбеонаправи споредби на цените по квадратен метар за недвижностите, но и месечните давачки за изнајмување на станбен простор во градовите од регионот.

Кој најскапо плаќа за метар квадратен на Балканот

Па така, Нумберо заклучува дека кога ќе се погледне цената на станот, повторно е најскапа Љубљана. Во центарот на градот, квадрат од двособен стан чини 4.277 евра, додека доколку се одлучите да живеете надвор од престолнината би можеле да заштедите малку и за квадрат да платите нешто помалку односно 4.135 евра.

Обработка на податоци: Слободен печат – Иван Самарџиев

Од регионот веднаш зад Словенија најскапо е да купите стан во Хрватска. Имено квадратен метар двособен стан во центарот на Загреб во просек чини 3.440 евра, додека во Белград за еден квадрат во централното подрачје на градот треба да одвоите и до 3.099 евра.

Речиси за дупло поевтино ќе биде доколку се одлучите да живеете во периферијата на српската престолнина. Па така според Нумберо, доколку сакате да купите недвижност надвор од Белград може да заштедите повеќе односно да платите околу 1.752 евра за метар квадратен станбен простор.Во БиХ состојбите малку се поинакви на оваа тема. Во Сараево, цената е нешто пониска и квадрат во центарот на градот во просек чини 1.838 евра.

Иако становите во македонската престолнина периодов бележат енормнен раст во цените, сепак Скопје споредбено со градовите во регионот и не е толку скап доколку се решите да купите или најмите станбен простор. Според последните податоци на релевантниот портал кој се бави со анализа на цените на недвижностите, во Скопје просечната цена за метар квадратен станбен простор во центарот на градот изнесува 1.461 евро. Доколку пак се одлучите да купите стан подалеку од Центар, Карпош, Аеродром можете малку да заштедите па така според Нумберо еден метар квадратен надвор од Скопје во моментов чини 1.061 евро.

Засега најевтин квадрат станбен простор од Балканот има во Приштина. Таму цените се движат од 1.365 евра до 813 евра по квадратен метар надвор од косовската престолнина.

Во Скопје најевтина киријата во Љубљана изгор скапа

Во исто време Нумберо прави споредби и за цените за „рентање“ на просторот за живење. Па така во центарот на Скопје во просек треба да одвоите околу 269 евра за месец кирија додека надвор од главниот град некаде на периферијата тоа ќе ве чини 188 евра.

Обработка на податоци: Слободен печат – Иван Самарџиев

Итересно е увидот во глобалната база на податоци Нумбео, заклучува дека изнајмувањето е најскапо во Љубљана и тоа во просек е околу 651 евро за еден месец. Загрепчани за двособен стан во центарот на градот во просек треба да одвојат по 498 евра за кирија, а надвор од центарот околу 374 евра.
Во Белград за истиот стан месечно треба да се издвојуваат околу 456 евра, а за стан кој не е во центарот на градот ќе треба да платите кирија некаде околу 374 евра.

Корисниците на веб-страницата Нумбео велат дека за Подгорица доколку сакате да изнајмите двособен стан во центарот на градот ќе треба да платите 339 евра, а надвор од центарот 239 евра.
Изнајмувањето стан во центарот на Сараево во просек чини 269 евра, надвор од центарот е 180 евра.

НБРМ – Растот на цените на становите ќе продолжи

Во меѓувреме неодамнешните податоците на Народната банка пак покажаа дека и во првиот квартал на 2022 година продолжи растот на цените на становите и достигна рекордни 12,4%.
„Според расположливите податоци за вредноста на издадените одобренија за изградба на станбени згради во првиот квартал од 2022 година засега упатуваат на натамошно зголемување, на годишна основа. Од аспект на побарувачката на станови, таа и натаму е поддржана и преку кредитната активност, при натамошен двоцифрен раст на станбените кредити“, се наведува во последниот квартален извештај на Народна банка.

slobodenpecat.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons