РАМО ДО РАМО СО ГРАДОВИ ОД ПАКИСТАН, ГАНА, ВИЕТНАМ… Скопје се врати на врвот на листата со најзагадени градови во светот

Главниот македонски град во моментов се наоѓа на десеттото место на листата со најзагадени градови во светот, која се објавува на порталот „IQAir“.

Откако запре ветрот, кој беше застапен во изминатите денови, Скопје повторно се врати на непопуларната листа.

А на таа листа, друштво ни прави Карачи во Пакистан, Акра во Гана, Ханои во Виетнам, Пекинг во Кина…

Според индексот на квалитет на воздух може да се забележи голема концетрација на штетни ПМ2,5 и ПМ10 честички.

Скопје веќе некое време има проблем со загадениот воздух, но засега нема конкретни решенија на проблемот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons