Се намалуваат водостоите на реките, зголемено нивото на Преспанското Езеро

Зголемување на водостојот за еден сантиметар во однос на вчера има и Преспанското Езеро, но и понатаму нивото му е за 1,79 метри пониско од просекот за мај и е на 22 сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм).

Водостоите на реките во земјава најчесто се малку пониски или малку повисоки од просечните за овој период од годината, но бележат благо намалување во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исклучок се реките Вардар, на мерното место кај Скопје, и Брегалница кај Штип, каде има зголемување на нивото за три, односно за еден сантиметар во споредба со вчера.

Зголемување на водостојот за еден сантиметар во однос на вчера има и Преспанското Езеро, но и понатаму нивото му е за 1,79 метри пониско од просекот за мај и е на 22 сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм).

Понизок од просечниот и тоа за пет сантиметри е и водостојот на Охридското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е за 2,71 метар повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons