Широка коалиција не е прифатлива за власта и за опозицијата 

Превирањата во парламентот кои се рефлектираат и врз климавото парламентарно мнозинство ги подгреаја комбинаториките за создавање широка владина коалиција за излез од евентуалната политичка криза.

Превирањата во парламентот кои се рефлектираат и врз климавото парламентарно мнозинство ги подгреаја комбинаториките за создавање широка владина коалиција за излез од евентуалната политичка криза. Но, освен иницијаторот на оваа идеја, пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, засега поддршка за широка коалиција нема ниту од власта ниту од опозицијата. „Никој нема желба да влезе или да се качи на бродот што тоне“, дециден е пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонијо Милошоски.

Во исчекување на епилогот од внатрепартиските превирања во ДУИ, турбуленциите во албанскиот блок и позиционирањето на дел од пратениците во парламентот, дел од партиите отворено се спротивставија на идејата за формирање на широка коалиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons