Сервисиран само еден од трите канадери за гаснење на пожари 

Откако минатата година кога во Македонија беснееја големи пожари власта наиде на сериозни критики зошто не ги сервисирала канадери или наречени „ер трактори“ а во исто време баравме помош од други држави, оваа година решиле да сервисираат ама само еден од нив, а вториот допрва ќе оди на сервис.

Популарно наречените „ер трактори“ кои беа набавени во 2010 година, неколку години беа приземјени на аеродромските писти и покрај големиот број на пожари кои изминатите години ја зафатија земјава. Причината за тоа беше нивното сервисирање и одржување, како што викаат минатата година кое чинело околу 400.000 евра.

Сепак од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), во изјава за „Слободен печат“ објаснуваат дека во моментов земјава по подолг период конечно има на располагање еден од трите специјални воздухоплови за гасење на пожар „ер трактори“. Директорот на ДЗС Беким Максути вели дека еден воздухоплов „ер трактор“ неделава е вратен во земјава а за останатите два е отпочната процедура за нивно испраќање на сервис во Шпанија.

– Еден воздухоплов од типот „ер трактор“ деновиве е вратен во од сервис и е целосно на располагање за гасење на пожари. До крајот на седмицава ќе биде испратен и вториот воздухоплов на сервисирање во Валенсија, додека за третиот се прават подготовки за негово приспособување и испраќање во Шпанија – изјави Максути.

Првиот човек на ДЗС додава дека за оваа година за потребите за функционирање на институцијата за престојната сезона на пожари од делот на финансии, ДЗС располага со 96.300.000 милиони денари, средства со кои земјата ќе треба да одговори на идните предизвици и опасности од пожари.

Директорот на Центарот за управување со кризи ЦУК Стојанче Ангелов вели дека оваа година, може да сметаме и на еден хеликоптер од МВР за гаснење пожари.

Тој додава дека функционирањето на ЦУК е драстично подобрено периодов што според него тоа е направено со упешно внатрешно прераспределување на кадровските сили и институцијата може да одговори професионално и благовремено на евентуалните закани од пожари во престојната сезона.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons