Комисијата за историски прашања денеска ќе разговара за учебниците по историја 

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска продолжува со својата работа.

Во Софија повторно ќе се сретнат членовите на комисијата, а фокусот уште еднаш ќе биде ставен на учебниците по историја со цел подобрување на наставата по историја во двете држави. Исто така, според најавите, предвиден е разговор и за заеднички чествувања, но тоа зависи од дискусијата за учебниците која вообичаено не остава простор за други теми.

Треба да бидат разгледани и некои технички прашања поврзани со работата на комисијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons