Сезонскиот грип ги наполни болниците

Сезонскиот грип кај децата во последните две недели го зголеми бројот на приеми во болниците. На Институтот за белодробни заболувања во Козле само во неделата лекарска помош побарале 170 деца..Денеска, примени се 200 деца.  Медицинскиот директор Бесник Зеќири рече дека во овој период доминираат вирусите А и Б, респираторниот синцицијален вирус, риновирусите и аденовирусите. Тој рече дека во овој Институт се примени 73 деца.

„Забележуваме дека имунитетот кај децата не е развиен како што треба, знаејќи дека последните три години сме во криза со Ковид. Значи тие деца немаат имунитет како другите поголеми деца, повеќето се на возраст од три години.  Кај  училишните деца имаме многу помалку заболени или оние кои доаѓаат на клиника се лекуваат без инфузии, предлагаме само домашно лекување или прегледи во нашиот институт“, изјави Бесник Зеќири, директор на Институтот „КОЗЛЕ“.

Од Институтот за јавно здравје велат дека вакцинацијата против грип е најдобра заштита, но не треба да се запостави и превенцијата преку витамински суплементи и здрава храна. Според нив, пост-ковид последиците го ослабнале имунитетот и кај ранливите категории.

„Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лицата кои се во ризични групи, постарите лица над 65 години, децата на возраст од 5-59 месеци, лицата со хронични заболувања, трудниците и изнемоштените“, велат од Институт за јавно здравје.

Од Клиниката за детски болести велат дека вирусната инфекција нема толку сериозни последици. Според директорката Стојка Нацева Фуштиќ, болнички се третираат  20 деца, а денеска биле прегледани 60 деца./Alsat.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons