Евакуирани пет училишта и една детска градинка во Кавадарци

Денес по пријава за поставена бомба во неколку основни и средни училишта во Кавадарци, евакуирани се учениците и тоа од: О.О.У ,,Тоде Хаџи Тефов’’ Кавадарци, и подрачно училиште во село Бегниште, ,,Димката Ангелов Габерот’’ Кавадарци и подрачното училиште во село Сопот, ,,Страшо Пинџур’’ Кавадарци, и подрачните училишта во селата Марена, Возарци и Дреново, С.О.У Гимназија ,,Добри Даскалов’’ Кавадарци и С.О.У ,,Ќиро Спанџов Брко’’.

Освен училиштата, во село Марена евакуирана е и градинката, заради непосредната близина на подрачното училиште, информира градоначалникот Митко Јанчев.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„Се замолуваат родителите дека нема потреба од паника, а учениците ќе бидат вратени на настава, откако екипите ќе ги прегледаат објектите и кога ќе се утврди дека истите се безбедни“, дополнува Јанчев.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons