Возач изгоре во својот автомобил по судар со камион на патот Прилеп – Ресен 

Неидентификувано лице изгорело во своето возило по судар со камион на патот Прилеп – Ресен утрово околу пет часот, објави МВР, додека од Обвинителството најавија вештачење на трагичниот случај.

Во несреќата се запалил неговиот автомобил „опел корса“, а возачот изгорел. Случајот е потврден од Обвинителството кое додава дека се работи за 24-годишна жртва која директно удрила во тешкото товарно возило.

„Во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Ресен, од крстосницата за с. Кукуречани до местото наречено Билбил Камен, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило ‘сканија’, со прилколка со штипски регистарски ознаки, управувано од Б .М. (44), и патничко моторно возило ‘опел корса’, со битолски регистарски ознаки. Во несреќата патничкото возило се запалило, а телото на возачот било опожарено“, соопштија од МВР кое го расчистува случајот.Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа.

„Според првичните наоди при увидот, до несреќата дошло при директен судар на автомобил Опел корса со битолски регистарски ознаки и товарно возило со штипски регистарски ознаки. Во сударот животот го загубил 24-годишниот возач на патничкиот автомобил.
Се постапува за испитување на причините за несреќата, при што по наредба на јавниот обвинител ќе биде извршено сообраќајно вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот“, информираат од ОЈО.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons