Американскиот државен секретар: Украина врати 50 отсто од окупираната територија

Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека Украина вратила половина од територијата првично окупирана од Русија за време на инвазијата, но дека Киев сега се соочува со „многу тешка битка“ за да врати уште територија.

„Веќе врати околу 50 отсто од она што беше првично окупирано“, рече Блинкен во вчерашното интервју за Си-ен-ен.

„Сè уште се прилично рани денови од контраофанзивата. Тешко е“, рече тој, додавајќи: „Нема да се одигра во текот на следната недела или две. Мислам дека повеќе се работи за неколку месеци“.

Надежите дека Украина може брзо да ги исчисти руските сили од својата територија по започнувањето на летната контраофанзива, бледнеат бидејќи украинската војска се соочува со длабоко вкоренети руски позиции на југот и на истокот на земјата.

Минатиот месец, претседателот Володимир Зеленски рече дека напредокот против руските сили е „побавен отколку што е пожелно“, но дека никој нема да го притиска Киев да забрза.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons