Спорт

Седлоски: Тешка е оваа серија порази, но нема да застанам тука, ќе работам и ќе видиме каде ќе стигнеме

Селекторот на македонската репрезентација Гоце Седлоски беше разочаран од поразот против Шкотска, но верува дека ќе биде подобро. Објасни зошто беа направени двете измени по само половина час игра. По три меча во Лига на нации, Македонија е убедливо последна без ниту еден бод и ниту еден даден гол.

„Првите 30 минути не одеше како што треба со Лука и Херера. Мислев дека може да одговорат на позициите, но не беше како што треба и затоа моравме да направиме некои замени. Беа помоќни, поагресивни, едноставно подобри. Затоа играат таму каде што играат. Оваа серија на порази е тешка, но нема да застанам тука“, рече Седлоски, а потоа продолжи:

„Знаеме дека Шкотска е квалитетна на тие дуели на центаршутеви. во првите 30 минути не застанавме добро и го примивме голот, а потоа настана и паника, па гостите доминираа. Во глобала тежок пораз. Ме боли, не сум навикнат на тоа, но што е тоа е. Единствено со Словенија може да се носиме. Да не зборувам уште сега, но за Швајцарија не треба да се збори со какви играчи има. Ние треба да учиме. Ставив и три играчи од македонска лига. Ќе работам, не се предавам и ќе видиме каде ќе стигнеме“, додаде предводникот на македонската репрезентација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons