Сега е време да кажеме да, вели Шарл Мишел за францускиот предлог 

Сега е време да кажеме да, вели претседателот на Еворпскиот совет, Шарл Мишел кој го поздрави изнаоѓањето на решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија. Тој напиша на Твитер дека решението ќе го отвори патот за започнување на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

„Решението се однесува на изразената загриженост. Најблиску сме што некогаш сме биле: сега е време да кажеме да“, напиша Мишел.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, на прес конференција што предмалку заврши изјави дека е најдено компромисно решение за спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Вели дека во наредните денови двете земји ќе го потврдат тоа. 

До Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за надворешни работи, од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови, соопшти Владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons