Македонија

Владата го усвои новиот Закон за заштита од пушење: Од кога стартува?

Владата го усвои новиот Закон за заштита од пушење. Се затвора „сивата зона“ за терасите, а угостителите добиваат една година грејс-период.

Владата денеска го усвои Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Од ресорното министерство соопштија дека ова претставува важен чекор за јавното здравје и за создавање поздрав, побезбеден и поодговорен јавен простор.

„Законот е резултат на широк институционален процес, разговори со засегнатите страни, консултации со тутунската индустрија, угостителскиот сектор, надлежните институции, инспекциските органи, експертската јавност и со поддршка од Светската здравствена организација“, се наведува во официјалната објава на Министерството за здравство. 

Новите правила ќе стапат во сила веднаш по носењето, со исклучок на одредбата која налага преадаптирање и пренамена на угостителските локали, за што е предвиден грејс-период од 12 месеци.

Предвидени се строги контроли на терен за да се осигура целосно почитување на регулативата. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons