Само од зголемениот данок, струјата по Нова година ќе поскапи за 5 проценти! 

По Нова година, данокот на додаденa вредност за електрична енергија, место сегашните 5 проценти ќе биде 10 проценти. Со ова, само по основ на зголемениот данок, струјата ќе поскапи за 5 проценти. Од друга страна, во повеќе наврати и од страна на надлежните во овој сектор беше најавено дека се очекува мало зголемување на цената на струјата по Нова година, како резултат на зголемените трошоци нa енергетските компании.

Новината за зголемување на ДДВ на струја ја откри министерот за финансии Фатмир Бесими кој при презентација на Прeдлог-буџетот за 2023 година кога кажа дека и по Нова година корисниците ќе имаат повластена електрична енергија, но таа ќе биде 10 проценти.

Со измени на Законот за додадена вредност од 1 јули 2021 година, како одговор на пандемиската криза, ДДВ за струја се намали од 18 на 5 процети и по таа стапка требаше да биде до 30 јуни 2022 година, но потоа се продолжи нејзината важност до крајот на оваа година.

Според сегашната регулатива, после 1 јули 2023 година даночната стапка повторно се враќа на 18 проценти.

Бо Буџетот за 2023 година се издвоени 250 милиони евра какко одговор на енергетската криза.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons