Во октомври 67 илјади странски туристи ја посетиле Maкедонија 

Во Македонија во октомври годинава се евидентирани 94.165 туристи, од кои 27 илјади (28,9 %) биле домашни, а 67 илјади (71,1 %) странски туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во октомври изнесувал 187.272, од кои 36,7 % се од домашните, а 63.3 % од странските туристи.

Во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 21,2 %. Кај домашните туристи има зголемување за 0,1 %, а кај странските за 38,6 %.

Има раст и кај бројот на ноќевањата за 9,8 %. Кај домашните туристи има зголемување за 1,1 %, а кај странските за 23,5 %.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons