Рокот за договор помеѓу СОНК и Владата истекува во среда

Утре се очекува да биде склучен договор меѓу Министерството за образование и СОНК, кој треба да биде одлучувачки дали штрајкот повторно ќе се активира или не. Министерот за образование Јетон Шаќири рече дека позициите на страните се приближени, но без конкретна одлука. Шаќири не ја исклучува можноста учебната година да заврши на 10 јуни, но според него преостанатиот материјал ќе се надомести на почетокот на следната учебна година.

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков рече дека сите вработени во оваа општина кои штрајкуваа ќе земаат целосни плати без разлика на одлуката на надлежните министерства.

Минатата недела СОНК имаше средба со министерката за труд и социјална политика, која најави дека вработените во градинките кои штрајкувале нема да земат целосни плати за април. Таа додаде дека се бара законско решение за надоместување на неисплатените плати во наредните месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons