ВИДЕО: Ангел Џамбаски упадна и прекина трибина со Љубчо Георгиевски во Софија

Планирано предавање на поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски е одложено поради упад на европратеникот и потпретседател на ВМРО-БНД Ангел Џамбаски и неколкумина негови поддржувачи во салата на Централниот воен клуб во Софија, јави дописникот на МИА од бугарскиот главен град.

Џамбаски целата „акција“ ја пренесуваше во живо на Фејсбук

Георгиевски требаше да зборува за бугарско-македонските односи, на покана од Клубот за бугарско-македонско пријателство, кој беше формиран неодамна. На настанот требаше да учествува и професорот од Софискиот универзитет, историчарот Стефан Дечев. 

Георгиевски изјави дека не му е јасно зошто се прави тоа и на кого му пречи тоа што дошол да го каже.

-Пријателството се гради низ дијалог, категоричен беше тој во кратката изјава за медиумите, кои го следеа тоа што се случуваше пред Централниот воен клуб во Софија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons