Растат водостоите на реките, нивоата на езерата исти како вчера, Преспанско Езеро под апсолутниот минимум

Растат водостоите на речиси сите реки во земјава во споредба со вчера. Исклучок се реките Струмица на мерното место кај Ново Село и Црн Дрим кај Ложани каде нивото е пониско во споредба со вчерашното.

Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најголемо зголемување на водостојот од 48 сантиметри во споредба со вчера има реката Радика на мерното место кај Бошков Мост, по што следи Треска кај Македонски Брод со покачено ниво од 40 сантиметри. Најголемо намалување на водостојот од 12 сантиметри има Црн Дрим кај Ложани.

За разлика од реките нивоата на природните езера во земјава се исти како вчера.

Водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро е понизок од просекот за ноември и тоа за три сантиметри кај Охридското и за 1,93 метри кај Преспанското Езеро. Преспанското во моментов е на 21 сантиметар под апсолутно појавениот минимум од 841,91 метри надморска висина. Нивото на Дојранското Езеро е за 1,66 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons