Овчите сипаници забрзано се шират, тука е и шугата, па и сифилисот – над 1.200 случаи на заразни болести 

Без да се сметаат болните од ковид-19, грип, туберкулоза и сида, во Македонија во текот на минатиот месец биле регистрирани 1.205 болни од разни други заразни болести, меѓу кои овчи сипаници, сифилис, скарлатина и други. Во однос на март 2022 година станува збор за зголемување на бројот на болните за 4,7 пати, велат од Институтот за јавно здравство. Регистрирани се и нови случаи на ХИВ/СИДА.

Најголемиот број од болните се во Скопје, а најмалку во Штип, додека пресметано на 100.000 жители, најмногу заразните болести се застапени во Прилеп, а најмалку во Охрид.

Најзастапени беа овчите сипаници со 911 регистрирани случаи, како и ентероколитите со 168 случаи, и тоа со учество од 89,5% во вкупниот број заболени, а со 90,0% во десетте најчесто пријавени акутни заразни заболувања во март 2023 година.

болести-

Во однос на претходниот месец, февруари, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 30,1%, a во однос на месец март 2022 се регистрира зголемување за 7,3 пати.

Во вкупниот број на регистрирани овчи сипаници во 2023 година, пријавените случаи во март учествуваат со 35,8%. Во вкупниот број на регистрирани акутни заразни заболувања во 2023 година, овчи сипаници учествуваат со 79,2%. Кумулативниот број на заболени од оваа заразна болест во 2023 година е за 8,3 пати поголем во однос на кумулативата за истиот период во 2022.

Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани 19 заболени лица и  тоа пријавени се 9 случаи на сифилис, 7 случаи на вирусен хепатитис Б и 3 случаи на хламидија. Во групата на зоонози, во март е пријавен 1 случај на ехинококоза.

Во текот на март, пријавени се 3 случаи на ХИВ/СИДА. Од пријавените лица две се со ХИВ, а едно е со СИДА. Пријавените лица се од машки пол и се две од Скопје и едно од Битола. Лицата се на возраст од 20-36 години. Едно лице е хетеросексуалец, а две лица се МСМ.

Инаку, од 1987 година па до сега во Македонија се регистрирани 594 случаи на ХИВ/СИДА, 123 лица починале, а 468 лица живеат со вирусот.

Што се однесува до грипот, Институтот за јавно здравство информира дека во оваа сезона регистрирани биле 10.127 заболени од оваа заразна болест, од тоа 2.023 случаи во текот на месец март. 

mkd.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons