Ранецот кој падна во Неготино бил падобран на војник од меѓународната вежба 

Дел од падобранска опрема паднал врз куќа во Неготино, потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

– Вчера во ОВР Наготино , од Б.С (35) од Неготино било пријавено дека дел од падобранска опрема, паднал на кров од неговата куќа и оштетил неколку керамиди. Извршен бил увид од екипа од ОВР Неготино и бил пронајден еден војнички ранец, сопственост на војник од сојузничката армија во состав на Мултинационална вежба, „Вежбовни десантни падобрански скокови од авион”, на подрачјето на Неготино, појасни Самарџиев.

Тој нагласи дека предметот бил вратен на лицето, а штетата на кровот ќе биде надоместена.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons