Работодавачите бараат да продолжи субвенционирањето на придонесите, ако не можно е да се намалат платите

На иницијативата на работодавачите за продолжување на мерката за субвенционирање на придонесите за социјално осигурување и по 31 октомври Владата се уште не одговорила. Законот за субвенционирање на придонесите за социјално осигурување по основ на зголемување на плата беше донесен во ноември 2019 година за да се мотивираат фирмите да ги зголемат платите. Според статистиката просечната плата од ноември 2019 година до јули 2022 година е зголемена за 23 %, а за истиот период за 24% се зголеми минималната плата.

Од Организацијата на работодавачи велат дека субвенциите во просек се движат од 10 до 15% од пресметаните придонеси или околу 5% од вкупната бруто плата. Ако не биде прифатено нашето барање, ќе се зголемат трошоците во работењето, а заедно со енергетската криза тоа со сигурност ќе се одрази и на редовната исплата на платите и запирање на растот на месечните примања, велат работодавачите.

Од Институтот за економски истражувања Фајнанс тинк велат дека треба да се направи редизајн на субвенциите.

Фајнанс тинк уште во 2017 процени дека голема е групата на работници кои се само формално-правно осигурани на минималец, а додатокот им се дава „на рака“, за да се избегне плаќањето на данокот и придонесите. Дел од растот на просечната плата во претходните три години се должеше токму на субвенционирањето на придонесите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons