Ова е семејството кое настрада кај Мостар: Преживеало единствено девојчето (3), за чиј живот се борат лекарите

Во страшна сообраќајна несреќа кај Мостар загинаа четири лица, додека уште четири лица се во болница. Како што беше соопштено утринава, таткото, мајката и синот загинаа во автомобилот Рено. Второто дете, девојче, се бори за живот во болница.

Во меѓувреме беше откриен идентитетот на починатото семејство.

„Со неизмерна тага и болка соопштуваме дека нашата членка Маријана Крстиќ трагично почина заедно со нејзиниот сопруг и синот. Маријана долги години беше истакнат член на ХДЗ БиХ и остави неизбришлива трага во својата работа и делување. Изразуваме искрено сочувство до семејството, „Почивај во мир“, објавено е на Фејсбук страницата на Здружението на жени на ХДЗ БиХ.

Истрагата на местото на несреќата траела пет часа, поради што е прекинат сообраќајот на главниот пат кој води од Мостар кон Чапљина и Метковиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons