Психолозите алармираат за зголемување на бројот на казина и брзи кредити 

Освен големите финансиски загуби, коцкањето влијае на менталното здравје и може да предизвика и промени на карактерот вели психологот Абдула Тачи.

„Се случува одеднаш иако работат повеќе, не можат да одвојуваат пари, кредитните картички почнуваат да им се празнат, почнуваат да бидат нервозни, лагата почнува да биде повеќе присутна, имаме промена во карактерот на тие луѓе“, вели Абдула Тачи, психолог.

Тачи овие коментари ги даде на трибуна организиран од Форумот на жени на Демократското движење, каде теолози, професори, мајки и жени ја изразија својата загриженост за присуството на казината во земјата, како и за бизнисот со брзи кредити.

Пратеничката Мерита Коџаџику вели дека таа, не само како пратеничка, туку и како мајка и баба, е загрижена поради тоа што од една страна се предлага коцкарниците да се дислоцираат на 500 метри од училиштата, а од друга страна се дозволуваат лиценци за онлајн казино.

„Ние не сме против отстранување или оддалеченост од 500 метри на казината од училиштата, не сме против тоа, ние сме против доближување, а владата не ги оддалечи, туку ги доближи на 5 сантиметри, онлајн, значи детето, младиот нема потреба да земе такси да оди во казино, го има дома, го има онлајн на мобилниот телефон“, рече Мерита Коџаџику, пратеничка.

Лидерот на Демократското движење Изет Меџити изјави дека неговите поранешни соработници, кои сега ги водат економијата и финансиите, заради лична корист, го легализираат лихварството и коцкањето преку онлајн казина и брзите кредити.

„Заедно велиме стоп на вирусното ширење на казината во нашите населби, ширењето на онлајн казината кои веќе навлегоа во нашите домови. Накратко, секој ден се убедуваме дека не 500 метри, не 3 км, туку мора целосно да ги забраниме казината, бидејќи тие не се корисни ниту за државата, ниту за граѓаните”, рече Меџити.

Меџити рече дека тие ја поддржуваат иницијативата на Алијанса за Албанците да има казина само во хотели со 5 ѕвезди, но ако се прашуваат само тие, тогаш од Демократското движење, се за целосно затворање на сите казина.

alsat.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons