ПРОТИВВОЗУДШНИОТ „ПАТРИОТ“ Многу земји го купија од Американците, би ни завршил ли работа и нам? (ВИДЕО) 

Американските сили ги распоредија ваквите ракетни системи за време на конфликтот во Ирак во 2003 година. Системите исто така беа стационирани во Кувајт и уништија голем број непријателски ракети земја-со-земја користејќи ја новата напредна способност на серијата Патриот-3 (PAC-3).

Противвоздушниот (ПВО) американски систем „Патриот“ е копнен, мобилен пресретнувач за ракетна одбрана. Тој може да открие, следи и пресретнува авиони без екипаж, крстаречки ракети и балистички ракети со краток и тактички дострел. Може ли ваквиот систем да ѝ користи на Македонија?

„Патриот“ го имаат Германија, Грција, Израел, Јапонија, Кувајт, Холандија, Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Полска, Шведска, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Романија, Шпанија и Тајван.

По најавите на македонската Армија дека би можела да се поднови со противвоздушен систем, вреди да се погледне какви перформанси тој има.

Досегот зависи од моделот. Ако е првата серија PAC-1, тогаш досегнува до 90 километри, додека PAC-2 има 160 километри. Висината на летање на ракетата е до 24.200 метри, односно 24 километри. Брзината на ракетата зависно од серијата и може да биде од 2,8 до 4,1 маха. Самиот систем тежи 700 килограми, а ви треба и ракетно гориво.

Што се однесува до самата ракета, еве ги нејзините мерки:

Должина на телото на проектилот: 520 см

Дијаметар на телото на проектилот: 40 см

Перки: четири перки во форма на делта

Дијаметар на перките: 85 см

„Патриот“ (МИМ-104) го произведуваат Raytheon во Масачусетс и Lockheed Martin Missiles and Fire Control во Флорида. Американските сили ги распоредија ваквите ракетни системи за време на конфликтот во Ирак во 2003 година. Системите исто така беа стационирани во Кувајт и уништија голем број непријателски ракети земја-со-земја користејќи ја новата напредна способност на серијата Патриот-3 (PAC-3).

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons