Пријави за подметнати бомби во трговските центри „Ист Гејт Мол“ и „Бисер“ во Скопје, полициски станици и училишта 

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за МКД.мк потврдија дека до нив стигнале неколку пријави за бомби во два трговски центри во Скопје но пријави за подметнати бомби имало и за неколку средни скопски училишта како и за поставени бомби во полициски станици и Транспортниот центар во Скопје. Полициските екипи веќе се на терен.

Сите објекти во кои е пријавено дека се подметнати бомби се евакуирани. Екипи на МВР веќе се на терен и ги вршат неопходните проверки.

„Денеска околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Исто така, пријавено е дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во трговските центри „Ист Гејт“ и „Бисер“, Транспортниот центар, зградата Флетајрон и полициската станица Центар. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат за МДК.мк од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons