Луис Енрике веќе не е селектор на Шпанија 

Шпанската фудбалска федерација потврди дека Луис Енрике веќе не е селектор на репрезентацијата, оваа одлука следува по дебаклот на Светското првенство. 

Шпанија со шампионски амбиции отпатува на Мундијалот во Катар, но натпреварувањето го заврши во осминафиналето каде беше елиминирана од Мароко. Како последица на неуспехот, Луис Енрике веќе не е селектор на Шпанија. Одлуката денеска ја потврди Шпанската фудбалска федерација. Тој ќе му се врати на клупскиот фудбал, ќе чека понуда од некој клуб, а Шпанија наскоро ќе добие нов селектор. Како прв кандидат за селекторската позиција во Шпанија сега се споменува Луис де ла Фуенте кој е селектор на шпанската репрезентација до 21 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons