Антикорупциска ќе ги проверува сите кандидати што ја завршиле обуката во Академијата за судии и јавни обвинители 

Државната комисија за борба против корупцијата и судир на интереси (ДКСК) ќе продолжи да работи на предметот во кој беше откриено дека 449 студенти од Универзитетот на Југисточна Европа (ЈИЕ) во период од четири години со уверение полагале правосуден испит без при тоа да имаат диплома, најави денеска на прес конференција претседателката, Билјана Ивановска.

Со анонимната пријава се откри дека ова било појава која била заживеана во државата и затоа ДКСК сака да расчисти со неа, рече претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска на денешната прес конференција.

„Продолжуваме да работиме на овој предмет со проверка на сите кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители од почетокот до денес. Ќе провериме каква документација поднеле, дали предвреме полагале правосуден испит. Од друга страна сакаме да провериме што се случувало на сите универзитети, дали и какви уверенија давале. Ако утврдиме дека сегашни судии и јавни обвинители полагале пред време а сега делат правда тогаш ова ќе треба да се решава на друго ниво. Ова е всушност на некој начин проверка или ветинг”, рече Ивановска.

Членот на ДКСК, Шемши Салаи пак кажа дека Комисијата сака да провери и дали можеби имало фалсификување на дипломи.

„Со досегашната проверка сме стигнати до тоа дека погрешно се толкувало завршенето високо образование од VII/1 степен и завршеното високо образование со 180 ЕКТС кредити. Сакаме да испитаме дали можеби постоело и фалсификување на дипломи”, рече Салаи.

Во врска со проверката односно ветингот на функционерите, Ивановска кажа дека за тоа е потребна политичка волја.

„Со години го слушаме тоа ама до сега ништо не е направено од различни причини. Писмен одговор од министерто за правда Никола Тупанчески не сме добиле но во разговор со него ни кажа дека тоа е добра идеја која треба да се спорведе”, рече Ивановска.

За членот на ДКСК, Горан Трпеноски проблемот не е во поднесување на предлог на Закон за ветинг туку во неговто спроведување.

„Основното прашање е кој ќе ја спроведе таа проверка односно ветинг. Кој е тој човечки фактор? Од досегашното искуство и постапките на политичарите не гледам дека има капацитет да се спроведе било каква првоерка”, рече Трпеноски.

За Ивановска поразително е доаѓањето на тимот американски истражители кои од блиску ќе проверуваат како Македонија се бори против корупцијата.

„Несериозно се сфаќаа сите укажувања и препораки што ги добивавме од странски фактори и затоа ни се случува ова со тимот за санкции од Вашингтон кој во земјава ќе изврши увид во корупцијата. Во наредниот период ќе се расчистат сите овие дилеми зошто и како се дојдени, но за нас е поразително бидејќи не сме си ги завршиле сите домашни задачи, Високата корупција ќе биде тешко да се искорени, но ако се има искрени намери јас сум оптимист нешто и дека може да се промени. Американците ни даваат на некој начин поттик и помош да го надминеме тој проблем и полесно да зачекориме кон европскиот пат”, смета Ивановска.

Членовите на ДКСК порачаа дека со самото доаѓање на тимот, ќе се изврши притисок во институциите и ќе постапат сериозно според апелите на Комисијата и нивните иницијативи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons