Актуелно

Приведени 16 возачи, 10 од нив возеле под дејство на алкохол

Од Министерството посочуваат дека шест лица управувале возило без возачка дозвола. Возачи од Скопје, Тетово и Свети Николе управувале патнички возила без да поседуваат возачка дозвола, додека две малолетни лица управувале мотоцикли без возачка дозвола.

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 16 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило. Од нив, 10 управувале возило под дејство на алкохол.

-Возачи од Тетово, Кочани, Кичево, Прилеп и Португалија биле запрени и при извршениот алкотест кај нив било констатирано присуство на алкохол. Возач од Турција, кај кого биле измерени 1,98 промили алкохол во крвта, предизвикал сообраќајна незгода, при што удрил во паркирано патничко возило. Во друг случај, возач од Делчево удрил во жардинјера, а при алкотестирањето кај него биле измерени 1,82 промили алкохол во крвта – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од Министерството посочуваат дека шест лица управувале возило без возачка дозвола. Возачи од Скопје, Тетово и Свети Николе управувале патнички возила без да поседуваат возачка дозвола, додека две малолетни лица управувале мотоцикли без возачка дозвола.

МВР најавува дека по целосното документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол, да не управуваат возило без положен возачки испит и да ги почитуваат изречените забрани за управување со моторно возило.

-Одговорното однесување на секој поединец е од клучно значење за спречување на сообраќајните незгоди и зачувување на човечките животи. Да бидеме одговорни учесници во сообраќајот и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – се посочува во апелот на МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons