ЛАДЕН ТУШ ЗА ВОЗАЧИТЕ: ново зголемување на цените на горивата

Цените на горивата продолжуваат да растат. Регулаторната комисија за енергетика со последната одлука ги зголемува малопродажнте цени на нафтените деривати.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 2 денари.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од ноќеска максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  Еуросупер БС – 95      81,50 (денари/литар)

Моторен бензин    Еуросупер БС – 98    83,50  (денари/литар)

Дизел гориво  Еуродизел БС (Д-Е V)       78,00 (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   77,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС      41,266 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на4.3.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons