Приведени двајца криумчари на мигранти од тетовско 

Денеска во 4.30 часот полициски службеници од полициска станица за граничен премин Богородица, кај место викано „Табла” кај село Богородица ги лишиле од слобода А.З.(24) и Ј.С. двајцата од село Копачин Дол, тетовско.

При извршена контрола на товарно возило„форд транзит”, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.З., во кое совозач бил С.Ј. биле пронајдени 40 мигранти (30 од Пакистан, 6 од Авганистан и 4 од Индија).

Поради основано сомнение за извршено кривично дело „криумчарење на мигранти”, возачот и совозачот се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. Лицата мигранти се пренесени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг” Гевгелија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons