Симулации на цена за струја според досега предложените тарифи- некои помалку, но големите потрошувачки семејства и до 50 % плус 

Некој поефтино до 13 проценти, некој ќе плаќа поскапо и ќе добие 39 % повисоки сметки за струја. Ова го покажуваат симулациите на КОД кои се направени врз основа на досега објавените информации на јавната дебата за новиот тарифник.

Сметките за струја ќе добијат поинаков лик затоа што ќе се пресметуваат со нов правилник за 4 различни тарифи. Предлогот е веќе на јавна расправа, без конечен лик на тарифникот, но и без конкретни одговори за висината на сметките.

Ќе постојат 4 тарифи, првата до 210 кв/час ќе биде со најниска цена, наредните 210 до 420 кв/ч, се втора тарифа, третата тарифа се 210 киловати до 630 кв/час. Најскапата тарифа ќе бидат киловатите потрошени над 630 скапа струја на месечно ниво односно на 30 дена. РКЕ пак соопшти дека по сугестиите и реакциите на јавноста почнува анализи за да ги утврди евентуалните нови прагови на тарифите.

Со експертска помош КОД успеа да пресмета она што регулаторите и универзитетските професори досега го криеја, но го претставија преку бројки на јавните дебати кои ни користеа во пресметките.

Правени се според сегашната цена на струјата. Скапата или високата тарифа во моментот е 7,32 денари за киловат час, а ефтината струја односно ниската тарифа е двојно поефтина (види слика во долната галерија).

Предложениот тарифник ја опфаќа само скапата струја и предлага 4 различни цени. Првите 210 киловат часови потрошени за 30 дена според пресметката на КОД чинат 5,9 денари по киловат без данок. Наредните 210 се веќе поскапи од досегашната цена и изнесува 8,81 денар по киловат час. Третата тарифа до 630 потрошени киловати е уште поскапа и е 11,61 денар по киловат и се над таа граница би чинело 13,51 денар по киловат час. (види во галерија)

Оваа пресметка е правена врз податоците изнесени на презентацијата и се однесува на сегашната цена на струјата. На сметките вообичаено пишува на колку денови се однесува, па така е за 30 дена се спомнатите тарифи. Ако е например за 35 дена на првичните 210 киловати се додаваат 5 дена по 7 киловати и првата најниска цена се применува за 245 киловат часови. Втората тарифа е за 490 и така натаму. Доколку пак сметката ви е за 25 дена од првичните 210 киловат часови се одземаат 35 и по најниска тарифа плаќате за 175 киловат часови, по втора тарифа до 350 и така натаму.

Сега веќе може да ги земете вашите сметки за да ги видите симулациите. Прво е домаќинство, кое се грее на парно, на дрва или нешто трето, но не користи струја за греење. Месечно трошат по 200 киловати скапа и 190 ефтина струја. Сегашната сметка, без данок и улично осветлување изнесува 2.161 денар од кои речиси 1500-тини се за скапата тарифа. (види долна галерија)

По новиот тарифник, ова семејство ќе заштеди. Целата потрошена количина им спаѓа во најниската тарифа за скапа струја и изнесува 1.180 денари, на што се додава истата сума за ефтина од 697 денари. Вкупната сметка за потрошена струја за ова домаѓинство ќе биде околу 1880 денари или 13,14 проценти пониска. На овие цени се додава 5 % ДДВ и надомест за улично осветлување од 184 денари.

Втората симулација се однесува на семејство кое троши повеќе, или во помали станови до 50 квадрати се грее на инвертери. Ако за потрошени 350 киловати скапа и 330 киловати ефтина струја досега плаќале 3.770 денари, иднината со новиот тарифник им носи слични сметки.

Во симулацијата на КОД гледате дека првите 210 киловати се по најниската цена, додека уште 140 киловати се по втората тарифа. Ефтината струја останува на исто ниво, а скапата на приближно или симулацијата покажува дека по актуелните цени би платиле 90 денари или 2,4 % помалку. (Види во следната галерија)

Третата симулација покажува разлика, станува збор за семејство кое живее во 65 квадрати и се грее на струја-инвертер. За греење на волкав простор дополнително се трошат по околу 400 киловати, а повеќе се грее дење и „одат“ 250-тина скапи киловати. Кога на просечната потрошувачка на струја за 4-члено семејство ќе се додадат овие за греење, пресметката кажува дека во висока тарифа, во зима ќе одат месечно 500-тини киловат часови кои ќе се пресметуваат во три различни тарифи.

Така сегашната сметка која за вакви инвертер-домаќинства изнесува околу 5 илјада денари со предложениот тарифник би се искачила на околу 5.300 денари или за околу 7,2 %. Разликата е предизвикана од разликата во цената на скапата струја. (графики во наредната галерија)

Најголемото поскапување оди на оние домаќинства кои се поголеми заедници во поголеми куќи и со греење на струја. Ако во зимските месеци трошеле по 1.200 киловат часови скапа и 700-тини ефтина струја, зимските сметки за еден месец им биле над 11 илјади денари плус ДДВ и улично осветлување.

Токму големата потрошувачка ги носи овие домаќинства во 4-тата најскапа тарифа, па со иста потрошувачка сметките ќе раснат речиси за половина. Така кога скапата струја ќе се разложи на 4 тарифи, излегува дека во најскапата остануваат 570 киловат часови за плаќање.

Симулацијата покажува дека само за скапа струја во 4-тата тарифа ќе се плати над 7.700-тини денари. Вкупната сметка за овие домаќинства би биле повисоки за неверојатни 39 проценти отколку лани при иста потрошена струја. Или во денари би платиле 4.400 повеќе. (повеќе во долна галерија)

Петата симулација ја земавме од презентацијата, рурални домаќинства на главно пензионерски семејства кои се греат на дрва и трошат 83 киловати скапа и 81 евтина струја. Плаќале помалку од илјадарка, а при иста потрошувачка со новите тарифи би платиле уште помалку, би добиле сметки пониски за 117 денари или за 13 проценти.

Во симулациите, КОД користеше експертска помош, а не можевме да добиеме информации за семејните домаќинства кои се дел од 17-те најголеми потрошувачи на струја и кои се грејат и базени. Но тенденцијата покажува дека тие би стигнале до сметки повисоки и за повеќе од 50 проценти од сегашните за скапата тарифа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons