Претрес кај директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми 

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција врши претрес во просториите на директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, потврдија зa „Фокус“ од Обвинителството.

Оттаму кратко велат дека постапуваат по кривична пријава што била поднесена кај нив против Муареми од група граѓани. Муареми е недостапен за коментар.

Иако тој е дел од предистражна постапка на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал по кривична пријава поднесена од Државното правобранителство  за конфискацијата на имотот на Сеад Кочан,  сепак од обвинителството велат дека кривичната пријава била за друго, но не кажуваат за што бидејќи се работело за предистражна постапка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons