Прекинат сообраќајот кај тунелот Катланово

Сообраќајот од Велес кон Скопје, во тунелот кај Катланово, е целосно во прекин, соопшти АМСМ. Се очекуваат официјалните информации од МВР за причините на овој прекин. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

МСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons