Предложени двајца кандидати за уставни судии, Јовевски на чекање

Комисијата за прашања на изборите и именувањата доставила предлог само за двајца кандидати за уставни судии, Фатмир Скендер и Татјана Васиќ-Бозаџиева, бидејќи третиот предлог – републичкиот обвинител Љубомир Јовески е блокиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Во документот што денеска беше доставен до претседателот на Собранието, Талат Џафери, се образложува дека претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска, го предлага ова поради тоа што Уставниот суд има само пет од деветтемина судии. На 7 декември истекува мандатот на уште еден судија, што би значело дека Уставниот суд со само четворица судии нема да има мнозинство ниту за да одржува седница, а уште помалку за да одлучува

Проблемот со изборот на уставните судии ќе се решава чекор по чекор. На предлог на претседателката на Комисијата за избори и именувања, Марија Георгиевска, за денешната пленарна седница на Собранието, беа доставени предлозите за Фатмир Скендер и Татјана Васиќ-Бозаџиева за уставни судии, додека третиот предлог, Љубомир Јовески, беше изоставен. Во документот што беше доставен до претседателот на Собранието, Талат Џафери, се образложува дека Георгиевска го предлага ова поради тоа што Уставниот суд има само пет од деветтемина судии. Доколку не се изберат наскоро уставни судии, може да се доведе во прашање работата на Уставниот суд, бидејќи за неполни два месеца ќе се испразни и петтото судиско столче од вкупно девет, со што Судот нема да може заседава и да носи одлуки.

За да се спречи уставна криза, денеска, на дневен ред на седница во Собранието за избор на двајца уставни судии, од претседателката на Комисијата за избори и именувања, Георгиевска, од СДСМ, беа предложени само апелацискиот судија Скендер и правничката Васиќ-Бозаџиева. Иако Комисијата требаше да предложи вкупно три имиња, на седницата на која се расправаше за утврдување, ВМРО-ДПМНЕ со повеќечасовни говори и процедурални забелешки спречуваше републичкиот обвинител Љубомир Јовески да биде утврден како трет предлог за уставен судија.

Претседателката на Комисијата, Георгиевска, во дописот до спикерот Џафери навела дека го испраќа предлогот за само двајца судии со цел да се спречи уставна криза, бидејќи Уставниот суд во моментов функционира со само пет од вкупно деветмина судии, а на 7 декември истекува мандатот на уште еден судија, што би значело дека овој Суд со само четворица судии нема да има мнозинство ниту за да одржува седница, а уште помалку за да одлучува.

-Имајќи го предвид постојниот состав на Уставниот суд, од деветмина судии во моментов има пет судии, што може да го доведе во прашање остварувањето на неговите надлежности, потребно е утврдените предлози за избор на судии на Уставниот суд на Комисијата за прашања на изборите и именувањата да бидат разгледани и од Собранието на Република Северна Македонија. Расправата во Комисијата за утврдување на третиот предлог за судија на Уставниот суд за која има пријавено пратеници за дискусија, е во тек и ќе продолжи понатаму, но не треба да претставува причина за нефункционалноста на Уставниот суд. Ова дотолку повеќе што и Комисијата и Собранието за секој предлог одлучуваат посебно – пишува во дописот на Георгиевска до Џафери.

Иако во март се комплетираше, Комисијата дури во мај успеа да одржи продолжение на кое беа дадени предлози за уставни судии. Тогаш пратениците од мнозинството ги предложија Скендер и Васиќ-Бозаџиева, кои добија зелено светло, како и Јовески, чие утврдување како предлог ВМРО-ДПМНЕ го блокира. Пратениците од опозицијата, пак, предложија шестмина кандидати, но ниту еден од нив не доби мнозинство гласови во Комисијата.

Четвртото столче што во моментов е испразнето во Уставниот суд е од судијата Јован Јосифовски, чиј мандат истече во јануари годинава, па пратениците ќе треба да изберат уште еден судија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons