Пет тинејџери повредени, откако со „порше“ излетале во Скопје 

Пет тинејџери во автомобил „порше“ се повредени во Скопје, откако во доцните вечерни часови излетале со автомобилот, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“

МВР објави дека денеска (26.11.2023) во 03.25 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од ул.„Симеон Кавракиров“ и ул.„Венијамин Мачуковски“ патничко моторно возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(19) од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ц. и сопатничката С.П.(18), а со телесни повреди се здобиле уште три сопатнички Ј.М.(18), Е.Б.(18) и АМ.К.(18) сите од Скопје..

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons