Почна чистење на трасата на гасоводот Лесковац-Врање, интерконекција со Македонија 

Фирмата „Милениум тим“ почна со истражни работи на проектот – чистење од експлозивни остатоци од војната на трасата на гасоводот Лесковац-Врање, кој треба да обезбеди интерконекција со гасоводниот систем на Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Официјалниот проект го подготви Центарот за деминирање на Република Србија, чии претставници ќе ги контролираат сите работи на реализација на проектот, а во текот на истражното работење нема да биде причинета штета на сопствениците на парцелите соопшти Југпрес.

Планот е да се изгради гасовод за јужна Србија, од Дољевац до македонската граница, кој ќе биде долг 146 километри и кој ќе обезбеди интерконекција со гасоводниот систем на Македонија и предуслови за гасификација на градовите и општините во јужна Поморавље во Србија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons