Почна препишувањето рецепти за хронични болести кај матичните лекари

Матичните лекари денеска издадоа повеќе од илјада рецепти за нивни пациенти кои примаат хронична терапија, само еден ден по одлуката на Министерството за здравство, оваа услуга да не мора да се бара од специјалистите. Министерот Фатмир Меџити оствари средба со голем број матични лекари во врска со оваа реформа која треба да им го олесни земањето на рецепти на граѓаните за 5 хронични болести, дијабетес, астма, тироидна жлезда и висок притисок. Од министерството најавуваат дека матичните лекари наскоро ќе можат да издаваат рецепти и за други болести, како и лабораториски упатства за посложени тестови.

„Процесот на работа со пациенти на кои им е препишана терапија за хронични заболувања воопшто не е комплициран. Јасните упатства ја олеснуваат работата на матичните лекари за да имаме одличен почеток на реформата. Вчера, според податоците на „Мој термин“, 506 пациенти добиле терапија за нивната хронична болест од својот матичен лекар. Во меѓувреме, препишани се 1.073 лекови“, рече Меџити.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons